Добродојдовте во хотел Вергина

Хотелот Вергина е еден од водечките хотели од својата категорија во Скопје.

Основан во 2001 има опслужено илјадници задоволни клиенти од целиот свет. Надалеку е познат по своите квалитети, и е препорачан од многу од светските најпознати водичи за патување.

Хотелот претставува прекрасно место за одмор, овозможува одлични услови за исполнување на вашите деловни активности, сето тоа комбинирано со високопрофесионалната услуга е се што ви е потребно за време на вашиот престој во Скопје.

Лоциран е на само 2 км од центарот на градот, во близина на кејот на реката Вардар и градскиот парк. Хотелот исто така е непосредно блиску до најголемата спортска сала во градот арената Борис Трајковски и националниот стадион арена Филип II.

На само 200 м се наоѓа медицинскиот центар Систина, а на 700 м кардиоваскуларната клиника Филип II. Од аеродромот Александар Велики сме оддалечени 15 км праволиниски долж главниот автопат E-75.